Home INFO Неколку совети за среќа за секој хороскопски знак

Неколку совети за среќа за секој хороскопски знак

реклама:

Што ве прави вас најсреќни? Хороскопот го има рецептот за среќа на секој знак:

Овен

Важно е секое утро да одвоите 20 минути за себе – за кафе, туш, музика. Што и да ви кажат другите игнорирајте ги. Ако нешто навистина сакате поработете на тоа, затоа што не ви е во крвта да се откажувате или да паднете. Престанете да се трудите околу односите кои не ве водат никаде. Секој ден пешачеше, возете велосипед или нешто сосема трето. Спротивно на она во што верувате, заморени сте затоа што не сте доволно активни. Не се срамете од своите „бубачки“ во главата, прифатете ги и ќе бидете помалку нервозни.


Бик

Бидете сигурни во себе и своите ставови, дури и ако сте разочарани. Сомневањето во самите себе ве води до депресија. Не ги пропуштајте можностите да си ги задоволите желбите, но строго одвојте го и времето за работа. Вежбајте ја емпатијата и почесто ставајте се во кожата на другите за да ги сфатите подобро. Научете дека претераната гордост може да биде непријател, посебно ако ве оддалечува од оние кои ги сакате. Бидете подобри пријатели, тие односи ве прават исполнети и вистински среќни.


Близнаци

Учете и читајте, тоа го чува вашиот мозок и ви ја задоволува љубопитноста. Не бидете мрзеливи. Држете се до своите хобија, иако имате малку време. Без забава лесно паѓате во депресија. Не се венчајте без претходно да живеете во заедница со тој човек барем неколку месеци. Барајте стабилни пријатели кои ќе ви кажат кога треба да закочите. Не се задоволувајте со работни позиции кои не ве исполнуваат. Секогаш надградувајте го знаењето, тоа ве прави вистински среќни.

Рак

Помалку трачарете и помалку дружете се со луѓе кои трачарат затоа што негативните емоции и мисли ги впивате како сунѓер. Не ја пропуштајте секоја прилика за дружење со пријателите и семејството – таа енергија ве храни. Во работата поставете си приоритети. Никогаш не дозволувајте еден ден да работите, друг да лежите, неопходна ви е рутина. Вежбајте ја довербата во другите луѓе и дајте им шанса да станат подобри. Гответе и уживајте во добрата храна, гастрономијата е ваша страст.


Лав

Не се извинувајте што сакате внимание, љубов и добро однесување, туку најдете луѓе кои ќе ви го пружат тоа. Не ги сокривајте фрустрациите, затоа што подоцна ќе излезат од вас 10 пати полоши, а вие ќе излезете незрели во очите на другите. Бидете подиректни и искрени. Не си дозволувајте да бидете последни во работата, нема да бидете среќни ако немате доволно големи одговорности. Што почесто дружете се со различни луѓе. Ви треба живот со активно темпо за да постигнете внатрешна среќа.


Девица

Помагајте им почесто на луѓето околу вас, со тоа ќе ја вежбате емпатијата и ќе се чувствувате подобро. Прифатете се онакви какви што сте и не им се правдајте на другите. Дружете се со оние кои имаат јасни животни ставови. На работа не ги земајте работите при срце, стекнете искуство и побарајте нешто ново што ќе ве исполни. Не стравувајте од прекинување на лошите и нездрави односи, посилни сте отколку што мислите.

Вага

Уредувајте го домот, работното место и автомобилот – најголемо влијание на расположението има околината. Научете да кажете „не“ и да ги одбиете луѓето кои тоа го заслужиле без да ви биде непријатно. Не се затворајте во четири ѕида, потребни ви се луѓе како што на билките им е потребно сонце. Намалете со посесивноста и љубомората, тие емоции ве прават огорчени и лути без причина. Занимавајте се само со тоа што го сакате, останатото може да почека.


Скорпија

Предајте им се на своите желби и не се водете спрема другите, преголемото прилагодување може да предизвика бес и депресија. Наместо толку често да ги слушате туѓите проблеми, раскажете ги вашите. Верувајте и повеќе на својата интуиција, таа е прилично точна во сите ситуации. Не се плашете од негативните емоции, тие се еден вид на издувен вентил. Јадете здраво и избегнувајте ги пороците, тие се вашата слаба точка.


Стрелец

Зборувајте отворено, искрено и слободно – луѓето ве ценат заради тоа. Имајте верба во себе и секогаш пробувајте нови работи, на вас желбите ви се менуваат зависно од животната фаза. Задолжително во животот воведете редовна физичка активност или некој спорт, движењето е нужно за ваша среќа. Обрнувајте помало внимание на материјалното и не ги трупајте работите и предметите кои не ви требаат. Не се согласувајте на помалку од она што заслужувате во љубовта. Попрво бидете сами затоа што на вас љубовта ви се случува само кога не ја очекувате.

Јарец

Во секоја работа и задача дајте се од себе, само така ќе бидете среќни со резултатите. Градете го својот карактер, но и предизвикувајте го – откажете се од цигарите, нездравата храна и спроведете режим на вежбање. Не се плашете да бидете сами и посветете си повеќе внимание на себе. Вежбајте ја спонтаноста и без многу планирање препуштете се на она што срцето ви го сака. Помагајте им на другите без размислување, тоа ве прави подобар и посреќен човек.


Водолија

Водете поголема сметка за финансиите и направете план за минимално штедење, само така ќе си ги намалите главоболките и ќе се фокусирате на другите сегменти од животот. Не ги менувајте друштвата толку често и ценете ги повеќе луѓето кои ве сакаат. Потребна ви е честа физичка активност преку која ќе може да се испразните. Не бегајте од проблемите – тоа е вашата најголема маана. Рецептот за среќа ќе биде целосен само ако се држите подалеку од пороци и луѓе кои ве поттикнуваат на нездрав живот.


Риби

Бидете отворени за нови искуства – од патувања до љубовни односи и работни понуди. Почесто слушајте ги другите и делете им совети, тие навистина се драгоцени и луѓето ќе ве ценат повеќе ако поработите на трпеливоста. Не се обидувајте премногу да им удоволите на другите, посебно не на љубовниот партнер, затоа што лесно го губите вашето „јас“. Вежбајте ја претпазливоста и задавајте си задачи кои ќе ве одржат исполнети. Во стресните ситуации никогаш не бегајте, туку соочете се.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------