Home INFO Нема да ви се верува: Колкав е хонорарот на Ријана за настапот...

Нема да ви се верува: Колкав е хонорарот на Ријана за настапот на Супербоул?

реклама:Велигден со Стаф

Настапот на Ријана на овогодинешниот Супербоул, беше нејзин прв соло настап по цели седум години.

Ријана изведе одличен мини концерт, кој повторно ја вивна нејзината популарност.

Таа изведе некои од нејзините најпознати хитови, а воедно и му откри на светот дека со A$AP Rocky го очекуваат второто заедничко дете.

Но, што значи настапот на Супербоул за пејачите?

Ниту еден изведувач до сега, Лејди Гага, Шакира, Џенифер Лопес, Бијонсе и други кои пред Ријана ја красеа сцената на диналниот плејоф не добиле хонорар за настапот.

Причината е едноставна – шоуто на полувремето на Супербоул е една од најгледаните содржини на сите времиња, со речиси 100 милиони гледачи ширум светот.

Па сосема е загарантирано дека артистот кој бил избран ќе има огромен скок на слушаност, стримување и преземање на неговитее песни и ќе добие нови договори за настапи и концерти од кои ќе има приход во иднина.

Настапот на полувремето на Супербоул е повеќе за имиџ и репутација отколку за финансиска корист.

Организаторите не им плаќаат на изведувачите хонорари за настапот, но ги покриваат сите трошоци за изведувачите и нивната придружба од раководството на членовите на бендот, техничката екипа, безбедносниот персонал, семејството и пријателите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------