Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Никако да се опамети, пејачот Дарко Лазиќ ден по свадбата заврши во...

Никако да се опамети, пејачот Дарко Лазиќ ден по свадбата заврши во станица

реклама:

Откако вчера во црквата „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ во селото Брестач повторно судбоносно „ДА“ кажа пејачот Дарко Лазиќ со својата нова сопруга Катарина, утринава го приведе полиција.

Причината е заради управување на ламбурџини кое што го возел на денот на венчавката и покрај забраната за управување на автомобил до февруари следната година.

Тој бил донесен во полициската станица во Печинци, по што треба да биде сослушан кај дежурниот судија во Рума.

Дали судијата ќе му прогледа низ прсти или сепак ќе добие поголема казна ќе почекаме да видиме.

Инаку, пејачот е осуден на парична казна од 190.000 динари и 10 месеци забрана за возење. Сепак, има право на жалба на пресудата. Одземена му е возачката дозвола, поради големиот број казнени поени.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------