Home INFO Никогаш не пазаруваје со празен желудник, еве зошто!

Никогаш не пазаруваје со празен желудник, еве зошто!

реклама:Велигден со Стаф

Кога сме гладни, ние купуваме поголема количина храна, а во изборот често вклучуваме и нездрави намирници.
Пазарувањето на празен желудник може да ве натера да одберете нездрава храна и притоа да потрошите многу повеќе пари, покажало едно истражување во Англија.

Поголемиот дел од анкетираните испитаници признале дека кога се гладни почесто купуваат и храна на акција заедно со готовата храна. И се ова во поголеми количини.

„Кога сте гладни и во брзање, пазарувањето може да биде многу постресно и да дојде до непромислено трошење што подоцна ќе влијае на здравјето и ќе резултира со фрлање вишок храна“, објаснува Лорен Гилемејн.

Чоколадите и десертите им се најпривлечни на оние што купуваат на празен желудник. Дури и кога планираме да купуваме свежа храна, во оваа состојба многу тешко можеме да одолееме на искушенијата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------