Home INFO Николина Пишек и ќерка и пројдоа низ пекол: Препознајте ги првите симптоми...

Николина Пишек и ќерка и пројдоа низ пекол: Препознајте ги првите симптоми на труење со гас!

реклама:Велигден со Стаф

Водителката Николина Пишек и нејзината ќерка Уна преживеале вистински пекол ноќта помеѓу изминатата сабота и недела, кога во станот каде живеат пукнала цевка од гас која го обезбедува целото затоплување во зградата.

Мајката и ќерката се затруле од јаглеродниот моноксид и едвај преживеале.

Во текот на грејната сезона особено расте опасноста од труење со гас во домаќинствата па затоа потребна е максимална внимателност.

Домаќинствата кои се грејат и готват на плин, потребно е да обрнат внимание на првите симптоми од труење со гас.

Кои се првите симптоми?

Бледило, тежина во главата, шум во ушите, малаксаност, забрзано срцебиење, главоболка, повраќање.

Некои од симптомите лесно може да се заменат со оние на грипот, труење со храна или вирусна инфекција, па никако не смеете да ја занемарите можнпоста од труење.

Секако во ова треба да се посомневате доколку сте во куќата, а со излегувањето надвор исчезнуваат симптомите.

Кога ќе се посомневате на труење со гас, најпрво изгаснете ги сите плински уреду и ширум отворете ги прозорците. Потоа веднаш излезете на свеж воздух и дишете длабоко.

Изложувањето на гас особено е опасно за трудниците, односно за неродените дева, бидејки крвните ќелии на фетусот го прифаќаат јаглеродниот моноксид многу полесно од возрасните лица.

Исто така децата почесто земаат воздух од возрасните, па ова ги прави почувствителни.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------