АУДИО ВЕСТ:

Нина Бадриќ одлучи да побегне од студот и да отпатува за Тајланд каде се релаксира во едно од најлуксузните одморалишта. Имено, хрватската пејачка на социјалните мрежи се пофали во каков луксуз е опкружена.
Нина на фотографиите кои ги сподели на својот инстаграм-профил позира покрај базен со пијалак во рака, облечена само во пењоар.
Погледот покрај базенот ги воодушеви сите, со оглед на тоа што во хотелот во кој престојува има сè за гостите максимално да уживаат.
Нина покажа што ја дочекало во спалната соба од страна на персоналот на хотелот, а се пофали и дека започнала со истражување на оваа егзотична дестинација.
РЕКЛАМИ:






