Home INFO Нов шок за Шакира, швалерката на Пике и шетала дома уште во...

Нов шок за Шакира, швалерката на Пике и шетала дома уште во 2021 (фото)

реклама:Велигден со Стаф

Не стивнуваат скандалите поврзани со разделбата на Шакира и Пике, па ако мислевме дека тоа е се сепак повторно се појавија нови пикантерии за неверството на Пике.

Моментално Пике е во врска со Клара која наводно е и главната причина за разделбата со пејачката, но се чини дека нивната афера почнала многу, многу порано.

Неодамна, онлајн се појави видео направено уште во август 2021 година на кое се гледаат Пике и Клара.

Видеото е всушност снимен видеоповик на платформата Twitch, направен од куќата во којашто живееја Пике и Шакира.

Наводно, тој период Шакира била во друга држава со двете деца, а Пике ја искористил можноста да ја покани Клара во нивниот дом.

Според изворите на Page Six, во периодот кога е направено видеото, Шакира и Пике дефинитивно не биле разделени, а Шакира не ни била свесна за аферата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------