Home INFO ВНИМАТЕЛНО СО ХРАНАТА ПО ПРАЗНИЦИТЕ! Супер нутриционистички совети од Татјана Павлова

ВНИМАТЕЛНО СО ХРАНАТА ПО ПРАЗНИЦИТЕ! Супер нутриционистички совети од Татјана Павлова

реклама:Велигден со Стаф

Каледарски се наоѓаме во највозбудливиот период од годината, период на одмор од
секојдневни обврки, средби со најблиските каде вкусната и богата храна е неизбежен дел од нашите трпези. Нашата богата традиција и гастрономија со која се одликуваме како нација секако неможат да не остават рамнодшни и да не посегнеме по некои задоволства кои ни ги овазможуваат празниците. Особено овој период храната покрај уживање може да ни предизвика и најразлични тегоби и интоксикации кои би имале негативно влијание врз нашето здравје.

Вообичаено за празничната храна велиме дека е високо-процесирана, која содржи транс масти рафинирани шеќери и голема количина на сол па дополнета со лошите комбинации кои знаеме да ги напрвиме претставува оптеретување и стрес за нашиот организам.

1. Како правилно да ја чуваме преостаната храна од празничната трпеза со цел да спречиме труење со храна за време на празниците.

Храната како жива материја е подложна на различни ензимски процеси кои го одредуваат нејзиниот рок на траење па така секоја намирница се одликува со одредени физиолошки и биолошки карактеристики. Можеби сето она што нас ни личи дека е здраво и безбедно за консумација всушност и не е. За време на празниците вообичаено готвиме и храна во поголеми количини но колку таа е безбедна за консумација и како треба да ја чуваме зависи од неколку фактори:

– Да се чува храната надвор од т.н „опасна зона“. Бактериите можат брзо да растат во опасната зона помеѓу 5-60 C. Откако ќе се подготви храната, чувајте ја топлата топла, а ладната ладна. Ставете ја во фрижидер или замрзнете ја лесно расиплива храна како месо, пилешко, мисирка, морска храна, јајца, исечено овошје, варен ориз и остатоци во рок од 2 часа. Температурата во фрижидерот треба да биде поставена на 5 или пониска, а замрзнувачот на 0 С или под 0 С.

– Храна да биде сепарирана. Месото, рибата и јајцата пожелно е да бидат одвоени од сите други намирници во фрижидер. Соковите од месото, и рибата да не се мешаат или да не истекуваат на друга храна па најдобро е да се чуваат во стаклени садви или посебна пластика која ќе овозможи херметичко затварање. Месото кое е преработено да не се чува повеќе од 4-5 дена, додека рибата пожелно е да е консумира истиот ден кога и се подготвува.

– Особено да се обрне внимение на храната која содржи јајца. Во оваа категорија би ја вброиле руската салата која е реално најлесно расиплива поради комбинацијата на намрници содржани во неа ( некои од намирниците испуштаат вода а слободната вода е причинител за појава на м.организми). Мора да бидеме сигурни дека тестата и пецивата кои содржат јајца се добро обработени т.е испечени. Намирниците направени со брашно или јајца може да содржат штетни бактерии, како што се E. coli и Salmonella. Кремастите торти и колачи исто така не е пожелно да се консумираат повеќе од 3 дена поради содржината на јајца и млеко во нив. Исто така значајно е да се обрне внимание на различните сосови со кои ги збогатуваме нашите омилени јадења.

– Подолг период може да издржат кексастите колачи и крекери бидејќи тие се т.н суви пецива

– Бремените жени да не консумираат сирово или непастеризирано млеко и производи
направени со него, како што се меките сирења. Тие можат да содржат штетни бактерии, вклучувајќи ја и листеријата. Некои примери на меки сирења, фета, козјо сирење или сино сирење. Преработените сирења, крем сирењето, моцарелата и тврдите сирења се побезбеден избор. Исто така да се внимава и на морските плодови и конзервираната риба.
Подобар избор е димената риба во мали количини.

2. Прејадувањето за време на празниците

Пo изобилството празнична храна, претежно калорична и мрсна, и претерувањето со
алкохолот, на телото му е потребна помош за закрепнување.

Ако се чувствувате уморно и поспано,ако е присутна горушица и надуеност, наутро се будиме со главоболка, а крвниот притисок e
покачен, ова е показател дека сме претерале со консумација на месо, руска салата, алкохол, колачи и други слатки. Бидеји нашиот желудник физиолошки е мускул кој внесувајки храна повеќе од вообичаено ние дополнително го растегнуваме и додаваме храна.

Ваквите комбинации не може добро да бидат дигестирани во нашиот дигестивен систем, бидејќи се комбинација од неспецифични намирници внесени и во поголема количина од потребната влијаат на начин да се пролонгира дигестирањето т.е варењето на храната. Во процесот на варење на храната учествуваат ензими кои се специфични за одреден вид намирници па така тие ниту можат наденаш да се активираат ниту пак се во можност за краток период да сварат големо количество на храна. Несварената храна во дигестивниот систем ферментира и е предмет на патогени м.о и буквално е подлога за појава на болеси или пак да го намалиме имунитетот па полесно да им биде на вирусите и бактериите да го нападнат нашиот организам.

Ваквите состојби можат да го доведат организмот до т.н состојба на Интоксикација т.е нашите значајни органи како што е црн дроб ( фабриката на организмот) неможе правилно да работи бидејќи не е ослободен од токсини. И што можеме да направиме и за време на празниците па и после празниците да се вратиме во нормална   кондиција. Кога ќе почнеме да јадеме нормално наутро, нема да го прескокнеме појадокот.

– Редовни оброци и пауза помеѓу оброците,т.е да го одмориме малку организмот со цел одмарање на органите и обнова на ензимите кои учествуваат во обработка на храната.
– Оброците да бидат ограничени – односно све што може да собере една дланка тоа е оброк
– Да го хидрираме телото преку консумација на вода, супи , чаеви
– Лесна вечера
– Да земаме по една овошка како ужинка а потрбата за благо да ја стивнеме со консумација на по 1-2 урми
– Да бидеме физички активни за почеток барем пешачење, и да престанеме со грицкање на разни крекери и останати слатки кои ни се при рака
– Редовниот сон

3. Храна после големиот Божиќен пост

По неколкунеделниот божиќен пост, чест е случајот на прекумерно внесување на масна храна, која не може да биде добра за организмот, особено за дигестивниот систем. Многу е важно да не јадете веднаш големи количини на храна, особено не мрсна. Во телото за време на постот се случуваат одредени биолошки промени.
Производството на одредени ензими може да се намали поради неконзумирање на храна од животинско потекло. Постепеното внесување на храна од животинско потекло по постот му олеснува на телото да воспостави нормално производство на овие ензими. Исто така, заштитната слуз на органите за варење се менува за време на постот и тоа доведува до тоа дигестивниот тракт да стане почувствителен на масна, зачинета и тешка храна.

– По постот, храната треба постепено да се внесува. Периодот на адаптација на редовна исхрана зависи од должината на постот. Што се однесува до Божиќниот пост, на телото му требаат околу 3-4 дена да се адаптира.
– За време на постот, телото се навикнува на помалку мрсна и зачинета храна или како што почесто се нарекува „полесна храна“. За време на адаптацијата треба да консумирате храна која не е тешко сварлива и која е богата со хранливи материи. Постепено, се воведуваат посложени јадења. Прво што се воведува во исхраната се супите, потоа јогуртот, киселото млеко и кефирот. После тоа во предвид доаѓаат и други млечни производи, а дури на крајот од адаптацијата месото.
– По постот, на телото му се потребни помали и почести оброци. Исто така е корисно да се земаат мали залаци храна и добро да се џвакаат за да се олесни варењето.
– Пржената храна не се добар избор, особено не во период после неколкунеделно постење.
– Ако се прејадеме, може да почувствуваме симптоми како што се надуеност, чувство на тежина во стомакот, гасови, гадење, горушица. Ваквите симптоми може да ни ги олесни чај од ѓумбир, јаболков оцет или пак да ги спечиме со внес на умерени оброци.

Повеќе на оваа тема можете да погледнете од интервјуто со Татјана Павлова во Утринската на Телма:

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------