Home INFO Нов скандал во најава: Синот на Марина Туцаковиќ удри по естрадата

Нов скандал во најава: Синот на Марина Туцаковиќ удри по естрадата

реклама:Велигден со Стаф

По смртта на Марина Туцаковиќ, медиумите секојдневно објавуваат вести поврзани со неа и нејзиното семејство.

Огромно внимание во јавноста предизвика веста за инцидентот со синот на Марина, Милан Радуловиќ Лача и Цеца, Саша Матиќ и Милан Калиниќ на нејзиниот погреб.

Во медиумите почнаа да кружат приказни дека дел од естрадата и должи на Марина дури 90 000 евра. Станува збор за текстови за песни напишани за познати пејачи кои се огромни хитови, но Марина не успеаала да ги наплати. За ова постоел и список на должници кој наводно таа го оставила пред својата смрт.

Лача изјави дека ќе проговори за се но дури откако ќе поминат 40 дена од смртта на мајка му бидејќи до тогаш ќе биде во жалост.

Сепак, на неполн месец од нејзината смрт тој се огласи на Твитер и тоа во раните утрински часови.

-Ред е јас да се огласам во ситните часови. Се што читавте овие денови во медиумите, а се работи за мојата мајка и за мене не е вистина. Како што нас инаку човечкиот нагон не тера, од смртта се браниме со банализација – тетратка за долгови или икебана, естрада не ме интересираш, пишува тој.

Очигледно Лача нема намера да и ги прости на естрадата сите ненаплатени хитови кои неговата мајка ги создала.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------