АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!

Светски познатата пејачка Бијонсе првпат најави соработка со Levi’s минатата година.

Рекламата инспирирана од онаа од 1985 година, наречена „Launderette“, го привлече вниманието на светот.

Бијонсе потоа позираше во бела маица и фармерки од познатиот бренд, а судејќи по коментарите на социјалните мрежи, кампањата беше полн погодок.

Се чини дека светот сега доби продолжение на соработката помеѓу Бијонсе и Левис, а новата реклама го запали Интернет.

Самата пејачка на Инстаграм во форма на реклама најави продолжување на соработката со познатиот бренд на фармерки.

Имено, Бијонсе игра билијард против американскиот актер Тимоти Олифант, а нејзиниот аутфит привлекува големо внимание.

Како што можете да видите од приложеното, таа повторно носи фармерки од Левис, а во преден план е нејзината раскошна „заднина“.

Рекламата наиде на голем број позитивни реакции и од корисниците на Инстаграм.

РЕКЛАМИ: