Зравствената состојба на Дарко Лазиќ е влошена, поради повредите со кои се здоби од сообраќајната несреќа.
Скршени ребра, нога и карлична коска, повреда на кичма, потрес на мозокот, откажување на функцијата на бубрезите и белодробnото крило се само дел од повредите кои го загрозуваат животот на пејачот.
Неизвесно е дали Дарко ќе преживее.
Докторите во болницата во Земун каде престојува повредениот, како и неговите најблиски се надеваат дека неговиот организам ќе успее да се избори и да преживее, а потоа би следело долго опоравување.
Сообраќајката се случила во близина на родниот крај на Дарко, а според пишувањата на српсите медиуми тој немал врзано појас и имал 1,39 промили алкохол во крвта.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------