Маја, ќерката на Милиќ Вукашиновиќ, познат во јавноста како “докторот за рокенрол” е пронајдена мртва во нејзиниот стан, а според првичната истрага утврдено е дека причината за смрт највројатно е предозирање со лекови.
Станарите од зградата во која живеела несреќната Маја изјавиле дека последен пат ја виделе девојката во неделата попладне и изгледала сосема ведро и оптимистично.
“Не делуваше ни малку сомнително, не се однесуваше чудно. Приметив само дека е многу отечена, па помислив дека е бремена. Знам дека имаше ново момче помладо од неа, требаше да одат заедно на одмор. Кога ја прашав дали е во блажена состојба, ми кажа дека е отечена поради лековите кои ги пие. Ја зборуваше вистината бидејќи знам дека примаше јака терапија. Беше драго дете и ја сакав. Имаше многу тежок живот. ” – раскажала сосетка.
Додала дека најтешко за сега покојната Маја било одвојувањето од нејзините синови кои според кажувањата на соседите биле згрижени со СОС детско село.