Home INFO Ново невреме во најава, еве што не смеете да правите!

Ново невреме во најава, еве што не смеете да правите!

реклама:

Периодов се актуелни предупредувањата за локално невреме.

Во тек на само едно невреме едно место може да биде погодено и од неколку молњи, поради што е важно веднаш да ги заштитите себе си но и сите уреди во вашиот дом.

Доколку вашето подрачје е погодено од бура, веднаш исклучете го компјутерот или би можеле да ги загубите сите податоци кои ги имате во него.

Молњите можат да предизвикаат непосреден удар во електричната мрежа, поради што може да ви прегори компјутерот.

Дури и индиректен удар во близина на електричната инсталација може да испрати дополнителен напон во вашиот дом и да предизвика сериозни оштетувања на вашиот компјутер.

Истото направете го и со телевизорот, телефонот и сите останати електрични апарати. Освен што треба да исклучите се од струја, еве уште неколку начини за заштита од големо невреме.

Избегнувајте туширање во тој период

Водата е електроспроводник, а металните цевки можат да бидат погодени од молња, па туширањето додека надвор има невреме и не е баш најдобра идеја. Исто така, опасно е да влегувате и во море, река, езеро…

Немојте да телефонирате

Високите напони можат да се праќаат и преку телефонска линија, а дури и мобилните можат да привлечат молњи, па подобро е да не се обидувате да фотографирате молња.

Избегнувајте риболов

Голфот и риболовот се двете најопасни активности за време на бура бидејќи стаповите лесно може да дејствуваат како спроводници. Исто така и чадорите можат да привлечат молњи, па обидете се да не го отворате чадорот.

Не кријте се под стебла

Иако многу луѓе се кријат под стебло кога има невреме, тоа никако не е добра идеја бидејќи високите стебла привлекуваат удари од молњи. Подобро е да накиснете или да се сокриете под најмалото стебло.

Влезете во автомобил

Иако главно се од метал, автомобилите поради својот дизајн се безбедно засолниште кога има бури. Ако ги погоди молња, струјата низ металот ќе помине до земјата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------