Home INFO Обичаи за Велики Четврток – еве што не смеете да правите

Обичаи за Велики Четврток – еве што не смеете да правите

реклама:Велигден со Стаф

На Велики четврток е востановена Светата тајна причеста поради што се верува дека и на најголемите грешници кои ќе се причестат на овој ден ќе им бидат простени гревовите.

Жените на овој ден во некои места палат свеќи и на дрвени даски ги пуштаат низ река во чест на душата на мртвите.

Денот треба комплетно да му се посвети на Бога. Не е дозволено да се работи ништо. На некои места се верува дека на Велики Четврток треба да се посадат лубеници, бидејќи така тие ќе израснат поголеми.

Селаните на овој ден работат ситни работи поврзани со стоката за таа да биде здрава, да се множи и да дава повеќе млеко.

Пред да изгрее сонцето, домаќинките ги вапцаат првите велигденски јајца. Првото се чува преку цела година за бериќет во куќата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------