Home INFO Од денес нема Инстаграм за Русија: Инфлуенсерите во солзи (видео)

Од денес нема Инстаграм за Русија: Инфлуенсерите во солзи (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ги забрани западните социјални мрежи во Русија, додека трае инвазијата на неговата земји на Украина.

Москва покрена кривична постапка против компанијата Мета, која е сопственик на Фејсбук, тврдејќи дека се работи за екстремистичка организација која дозволува смртни закани за руски војници, а Мета пак ја обвинува Русија дека отсекла 80 милиони Руси од Инстаграм и им го зела лебот на инфлуенсерите.

А инфлуенсерите, во шок и неверување леат солзи на социјалните мрежи, загрижени за својата егзистенција.

– Дали мислите дека Инстаграм е само извор на приход за мене? Инстаграм е живот за мене. Се будам поради него, одам да спијам со него е*ени пет години – низ липање зборува руската инфлуенсерка во видеото објавено од NEXTA, платформа која има за цел да го открие вистинскиот живот на Русите под владеењето на Путин.

Таа воопшто не се грижи за илјадниците загинати луѓе, вклучувајќи ги и нејзините сонародници. Очигледно, нејзината најголема грижа во моментов е тоа што нема да може да објавува слики од храна од ресторани, стои во објавата на видеото од руската расплакана инфлуенсерка.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------