Ријалити старлетата Станија традиционално објави нови провокативни фотки од Копаоник.
И овој пат очекувано во преден план беше нејзиниот извајан задник кој предизвика грст коментари на социјалните мрежи.
На еден обожавател толку многу му се допаднале нејзините провокативни слики што и напишал на старлетата дека нејзиниот „задник вреди милиони“. Добројевиќ нескромно му одговори: Знам, вреди!
Инаку, Станија неодамна призна дека благодарение на провокативните фотографии од нејзиниот задник заработува многу пари на Инстаграм и OnlyFans.
-Во еден момент од животот сакав да се занимавам со пеење. Сепак, брзо се откажав. Кога видов колку морам да патувам, да настапувам во загушливи клубови, сфатив дека тоа не е работа за мене. Полесно заработувам со сликање. Го сликам задникот за три минути, а земам одлична плата, објаснила Станија.