Home INFO Од каде толку милиони? Еве како заработува кралицата Елизабета и британското кралско...

Од каде толку милиони? Еве како заработува кралицата Елизабета и британското кралско семејство

реклама:Велигден со Стаф

Иако многумина британски жители ги сметаат паразити, британските принцови и принцези и тоа како и носат промоција и финансиска добивка на оваа земја.

Некои истражувања истакнуваат дека тие се еден од најважните брендови на Велика Британија и имаат големо влијание врз туризмот, но и приходот во државата кој што на пример од свадбата на Хари и Меган изнесувал 500 милиони фунти.

Британското кралско семејство е едно од најбогатите во светот.

Иако некои од внуките на Елизабета си имаат вообичаени професии и работа, сепак оние кои што се вработени во кралската палата и нивната работа е да промовираат се токму принцовите со нивните сопруги кои што и секојдневно тоа го прават.

Принцовите Чарлс, Вилијам а до неодамна и Хари заедно со нивните жени секојдневно ја извршуваат својата работа која што им е доделена дирекно од кралицата Елизабета, а од нив се бара да одат на хуманитарни настани, да отвораат очилишта, болници, да се грижат за фондации и да го посетуваат целото кралство за да им се доближат на народот.

Нивните патувања, облека и други трошоци делумно се покриени од страна на даночните обврзници, а исто така имаат и приватна сопственост, како и наследство од принцот Чарлс.

Вилијам и Хари го имаат наследството на нивната покојна мајка Дајана.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------