Home INFO Од лебот се здебелувате, а не од сланината, зошто е тоа така?

Од лебот се здебелувате, а не од сланината, зошто е тоа така?

реклама:G Natural

Eдно од најголемите изненадувања за изминатата деценија e откритието дека мастите не се толку штетни за нашиот организам, како што мислевме.

Причината поради се почестата дебелина на жителите во САД се крие во јаглехидратите т.е лебот и тестенините, кои се рекламираат како основа на здравата исхрана.

Со намалувањето на внесување јаглехидрати, како кај Аткинсоновата диета можете да ослабете па дури и ако внесувате ист број калории.

Намалувањето на мастите од друга страна, нема да направи да ги изгубите килограми.

Зошто е ова вака?

Маснотиите влегуваат и излегуваат слободно од нашите ќелии како масни киселини, а само сочуваната маснотија не дебелее. Маснотиите во организмот се чуваат во облик на триглицериди.

Триглециридите настануваат во масните келии, со спојување на три масни киселини, кои до тогаш словодно поминувале низ келиите.

Триглицеридите се преголеми за да се пробијаат низ мембраната на ќелиите, така да се зголемуваат масните ќелии, а не маснотиите.

До процесот на чување на маснотијата доаѓа кога инсулинот во крвта ќе се зголеми, а тоа се случува кога јадеме јаглехидрати, а не маснотии.

Значи, златното правило кое не смеете да го заборавите доколку сакате успешно да ослабете е:

Кога инсулинот ќе се зголеми масните наслаги се создаваат, а кога инсулинот ќе опадне тогаш го користиме масното ткиво како „гориво“ и го трошиме.

Според тоа не се дебелееме од мастите, туку од јаглехидратите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------