Home INFO Од невнимание до трагедија: Признание на помошникот режисер на “Рѓа”

Од невнимание до трагедија: Признание на помошникот режисер на “Рѓа”

реклама:Велигден со Стаф

Јавноста сеуште е во шок откако за време на снимањето на вестерн филмот „Рѓа“, актерот Алек Болдвин го рани режисерот Џоел Соуза и ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс.

Секојдневно излегуваат нови детали во врска со трагичниот настан.

Помошникот режисер Дејв Холс во Судот за прекршоци во Санта Фе под заклетва изјавил дека пред пробата на вооружениот напаѓач во филмот „Рѓа“, оружарката Хана му покажала пиштол што подоцна го користел Болдвин и дека во него видел три куршуми,извести „NY Post”.

Наводно Холс и ја опишал на полицијата процедурата за безбедноста на оружјето на снимањето, велејќи дека Хана Гутиерез-Рид, оружарката на снимањето, „го отвора отворот и го врти барабанот, а тој велаи „ладен пиштол“ на снимањето.

По смртоносното пукање, Холс рекол дека и го однел пиштолот на Гутиерез-Рид, која потоа го отворила. Холс на полицијата и рекол дека видел само четири „лажни“ куршуми – сите имале карактеристична дупка на страната – и еден без дупка.

Холс, исто така, открил дека не проверил дали сите куршуми во барабанот на пиштолот што се користеле при пукањето на сетот биле лажни куршуми. Помошникот директор на полицијата рекол дека инцидентот „не бил намерно дело“, пренесува „Инсајдер“

Според судските документи, Халс знаел дека требало да ги провери сите куршуми, но не го сторил тоа.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------