Home INFO Официјално македонските одбојкари се помеѓу најдобрите 16 во Европа

Официјално македонските одбојкари се помеѓу најдобрите 16 во Европа

реклама:

Македонија дефинтивно е осминафиналист на Европското првенство во одбојка.

Ова стана јасно откако Чешка ја оправда фаворитската улога и ја победи Црна Гора со 3:0 во сетови и тоа и одеше во прилог на Македонија.

Од самиот старт Чешка најави дека оди по победата и доминираше во првиот сет кој го освои со 25:18. Во вториот сет Црногорците дадоа нешто поглем отпор, меѓутоа во финишот од сетот Чешка повторно го подигна нивото и со 25:20 поведе со 2:0. По тој сет Црна Гора како повеќе да немаше мотивација па Чешка третиот го заврши со 25:15.

Во групата каде што сме ние Холандија има девет бода, Македонија и Чешка по шест, Црна Гора три, Данска нема бодови. Ќе потсетиме, првите четири репрезентации одат во осминафиналето кое ние го обезбедивме, но во мечевите со Холандија и Чешка ќе се обидеме со позитивен резултат да ја избегнеме Италија во нокаут фазата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------