Home INFO Она никогаш предходно не се случило: Заканата на принцот Хари ја збесна...

Она никогаш предходно не се случило: Заканата на принцот Хари ја збесна јавноста

реклама:

И по откажувањето од кралските титули, принцот Хари не престанува да е главна тема во светските медиуми.
Последната негова одлука ја разбранува јавноста и особено ги налути британските фраѓани.

Имено тој влегува во правна битка со владата на Англија откако беше одлучено да се откаже неговото обезбедување.

Адвокатскиот тим на принцот Хари, испрати писмо во кое наведува дека ќе побараат ревизија доколку принцот Хари и Меган немаат обезбедување за време на престојот во Англија.

Доколку продолжи овој правен конфликт, можно е работата да стигне до Високиот суд и да дојде до борба меѓу министрите од една страна и принцот Хари од друга.

Ова би било за првпат во историјата член на кралското семејство да преземе такви правни чекори.

Добрите познавачи сметаат дека пораката на Хари до државата е дека законите се лоши. Тој верува дека одлуката на државата да го укине неговото обезбедување е погрешна.

Јавноста е револтирана од одлуката на Хари и Меган да бараат обезбедување кое се финансира преку даноци, а во исто време се откажале од кралските обврски.

Но правниот тим на Хари смета сосема поинаку – тој е роден како принц и е со доживотен безбедносен ризик па заслужува заштита.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------