Home INFO „OpenAI“ тестира нов пребарувач кој користи генеративна вештачка интелигенција „SearchGPT“

„OpenAI“ тестира нов пребарувач кој користи генеративна вештачка интелигенција „SearchGPT“

реклама:DIGITVMK

Компанијата „OpenAI“ најави тестирање на нов пребарувач наречен „SearchGPT“, кој користи генеративна вештачка интелигенција за да произведе резултати. Овој потег има потенцијал да претставува значителен предизвик за доминацијата на Гугл на пазарот на онлајн пребарување, според Гардијан. „SearchGPT“ првично ќе биде достапен на мала група корисници, пред потенцијалното пошироко пуштање за јавноста, објави компанијата вчера.

„OpenAI“ планира да ги вклучи функциите за пребарување во „ChatGPT“, наместо да понуди самостоен производ. Компанијата посочи дека „SearchGPT“ е привремен прототип што ќе ги комбинира моделите со вештачка интелигенција на компанијата, како што е „ChatGPT“, со можност за пребарување на интернет. Овој прототип ќе одговара разговорно на пребарувањата и ќе обезбедува ажурирани информации со јасни врски до релевантни извори.

ЦЕЛАТА ВЕСТ ПРОЧИТАЈ ЈА НА НАШИОТ САЈТ : DIGITV.MK

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------