Home INFO Оставете ги телефоните и зајакнете го вашиот мозок со прошетка во природа

Оставете ги телефоните и зајакнете го вашиот мозок со прошетка во природа

реклама:

Според едно истражување, прошетката во природа може да ја зајакне енергијата на вашиот мозок за 50%.

Истражувачите откриле дека луѓето имаат многу подбри резултати во креативниот тест откако поминале неколку дена во природа отсечени од технологијата.

Шетањето во парк или надвор од цивилизацијата може да ја зајакне способноста за решавање проблеми,а ова може и да го објсни прашањето зошто празниците помагаат за „полнење на батериите“ после зафатен период од работа.

„Студијата покажува дека е потребно да ги оставите вашите мобилни телефони и останатата технологија дома и да му дозволите одмор на мозокот во природа“ – вели професор по психологија во универзитетот во американската држава Јута.

Тој додава дека не се во потполност сигурни дали зајакнувањето на мозокот повеќе зависи од апстинирање од технологијата или од поминување неколку дена во природа, но најверојатно е комбинација од двете.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------