Home INFO Откриено какви иновации подготвуваат во Apple за 2040 година

Откриено какви иновации подготвуваат во Apple за 2040 година

реклама:Велигден со Стаф

Она во што на големо се инвестира во „Apple“ е развој на производи кои ќе придонесат за проширена реалност, и тоа планираат да го направат во три фази, од кои последната треба да биде меѓу 2030 и 2040 година.

Минатата недела, аналитичарот кој го следи Apple, Минг Чи Куо како и секогаш за јавноста ѓи откри своите предвидувања од информациите кои ги собира од извори во компанијата кои вклучуваат период од неколку години, но исто така и период до 2040 година.

Плановите се за проширена и виртуелна реалност кои за Apple се многу важен дел од нивната иднина и ќе вложат многу пари во развој на AR/VR производи.

Првата фаза вклучува уред како кацига, која ќе има поддршка за проширена и виртуелна реалност, а неговата презентација се очекува следната година, а цената треба да биде околу илјада долари. Ќе биде опремен со микро-OLED екрани на Sony и неколку оптички модули, а Куо вели дека кацигата ќе биде „пренослива“, односно ќе има независен извор на напојување и складирање на податоци, но „не толку подвижна како iPhone“. Таквиот уред, смета овој аналитичар, треба да обезбеди многу подобро искуство во споредба со постојните слични уреди. Исто така, она што би можело да биде клучно за продажба на тој уред е интеграција со услугите на „Apple“ како „Apple TV +“ и „Arcade“, што значи дека тоа би овозможило целосно ново искуство на гледање видеа и играње игри.

Неколку години подоцна, се планира втора фаза и можеме да очекуваме очила за проширена реалност најрано во 2025 година, додека во текот на следната деценија, помеѓу 2030 и 2040 година, Apple треба да воведе револуционерни контактни леќи, кои исто така ќе имаат поддршка за проширена реалност. Можеме да претпоставиме дека внатре во таквите леќи ќе бидат прикажани некои важни податоци и известувања додека ги гледаме денес на екраните на телефоните и паметните часовници. Секако, во моментот е тешко да се зборува за некои уреди кои треба да бидат во продажба за 10 или 20 години, а со големиот напредок на технологијата, сè може да се промени, но секако е добро да се знае во која насока размислуваат шефовите на „Apple“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------