Home INFO Ова е инспекторот кој е новиот дечко на Данијела Мартиновиќ (фото)

Ова е инспекторот кој е новиот дечко на Данијела Мартиновиќ (фото)

реклама:Велигден со Стаф

Балакнските портали од неодамна почнаа да пишуваат за новата љубов на хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ која конечно го преболе својот долговодишен дечко Петар Грашо.

По раскинот со Петар таа многу ретко зборуваше за приватниот живот и скоро да нема детали околу причината за нивната разделба.

Но судејки по последното интервју во магазинот „Глорија“ времето за тагување и осаменост заврши па Данијела се пофали со нов дечко.

Иако сеуште папараците не ги фотографирале заедно таблоидите веќе дојдоа до неговите фотографии и идентитет.

„Сѐ започна од еден непланиран телефонски разговор, кој очигледно мораше да се случи“, изјавила Данијела за медиумите.

Јосип Плавиќ е криминалистичкиот инспектор но своевремено бил член на бендот „Изван закона“ основан во 1991.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------