Home INFO Ова е најбрзата диета во светот

Ова е најбрзата диета во светот

реклама:Велигден со Стаф

Оваа диета е најбрза,но и најлесна, бидејќи можете да јадете се што ќе посакате!

Меѓутоа, само 8 часа во текот на денот, додека следите одредени правила. Делува прилично едноставно, но навистина е!

Првото правило е да ја консумирате храната само 8 часа во текот на денот, додека останатите 16 часа треба да консумирате само вода или билни чаеви, а понекогаш можете да си дозволите и по некоја чаша незасладена лимонада.

Нутриционистите тврдат дека секој ден во текот на тие осум часа храната треба да се консумира во ист период, а најдобро би било од 9 до 17 часот, бидејќи тогаш резултатите се најдобри.

Сепак, во зависност од вашиот животен ритам и работно време, можеби нема да ви одговара да јадете во спомнатиот период, па затоа слободно можете да го поместувате времето. Тоа може да биде, на пример од 10 до 18 часот, или од 11 до 19 часот.

Сепак, треба строго да се држите до правилото да го консумирате вашиот оброк најдоцна до 19 часот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------