Home INFO Ова е најголемиот причинител на лошото расположение!

Ова е најголемиот причинител на лошото расположение!

реклама:Велигден со Стаф

Ако сте лошо расположени и мислите дека тоа е затоа што сте станале на „лева нога“, размислете уште еднаш – главниот виновник за тоа е испрекинатиот сон.

Прекинатиот сон има најголемо влијание на лошото расположение, покажало истражувањето во кое научниците ги изложувале испитаниците на различни услови на спиење.

По случаен избор тие во текот на три недели поделени на групи биле изложени на постојани повеќекратни присилни будења, касно одење во кревет, недоволно сон и непречен сон.

Мерењето на скалата на доброто и лошото расположение на испитаниците покажало дека испитаниците од првите две групи после првата ноќ имале подеднакво ниво на добро и лошо расположение.

Но, разликите настанале после втората ноќ. Кај оние со испрекинат сон значително паднало доброто расположение (31%) во однос на оние со недоволно сон (12%). Разликата не била воочена при мерењето на висината на лошото расположение.

„Кога вашиот сон се попречува во текот на целата ноќ немате можност да напредувате низ фазите на сон на начин да добиете доволно долга фаза која е клучна во давањето на чуство на обнова на телото“, вели водителот на истражувањето, психијатарот Патрик Финан.

Финан вели дека истражувањето покажува дека негативните влијанија на испрекинатиот сон на позитивното расположение можат да бидат кумулативни.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------