Home INFO Ова е причината за несреќата во која водителката Деа Ѓурѓевиќ ја загуби...

Ова е причината за несреќата во која водителката Деа Ѓурѓевиќ ја загуби раката

реклама:Велигден со Стаф

Автобусот кој утринава тешко ја повреди водителката на ТВ Пинк, Деа Ѓурѓевиќ, се излизгал на патот по што возачот потполно ја изгубил контролата над воланот.

Несреќата се случила на само 180 метри од зградата на ТВ Пинк, а според изјавата на возачот, тој наишол на лизгав коловоз, бидејќи поради водоводна цевка која пукнала, водата на патот замрзнала.

Возачот има 42 години и до денес немал ниту една незгода а колегите го опишале како доста професионален и совесен човек.

Од увидот на местото на несреќата се видело дека водата која замрзнала на патот излегла од мала дупка која настанала по пукањето на водоводната цевка.

Веднаш по несреќата водителката била однесена во болница каде неколку часа тим од лекари се бореле да и ја состават рака која буквално и ја отсекол автобусот.

Според последните информации, операцијата прошла добро.

Деа ја чека долго опоравување, но за среќа се очекува раката нормално да и функционира.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------