Home INFO Ова не беше предвидено во сценариото: Навреди и шлаканици на Оскарите

Ова не беше предвидено во сценариото: Навреди и шлаканици на Оскарите

реклама:Велигден со Стаф

Светот со нетрпение го очекуваше почетокот на Оскарите.

Но, една невскусна шега на актерот Крис Рок предизвика скандал од невидени размери.

Имено, во негов стил, Крис Рок му рече на Вил Смит дека неговата сопруга Џада Пинкет може да ја игра „Г.И.Џејн“ (алудирајки на ликот на Деми Мур од филмот во кој ја глуми првата жена во американската морнарица) во вториот дел, зошто нема коса.

По ова, Вил Смит се качи на сцената и му удри шлаканица на колегата. На почетокот сите мислеа дека ова е дел од сценариото, но откако Смит продолжи со пцовки велејки му да престане да го изговара името на неговата сопруга, беше повеќе од јасно дека работите излегле од контрола.

Сопругата на Вил, Џада уште од минатата година отворено зборуваше дека има агресивна форма на алопеција што довело да ја изгуби косата за еден ден, а потоа воопшто да не и поорасне и дека за тоа нема лек, па невскусната шега на Крис очигледно многу го погоди брачниот пар.

За време на рекламите, актерите Дензел Вашингтон и Тајлер Пери го смируваа Вил Смит и сопругата Џада која беше видно потресена и плачеше, а по неа се расплака и нејзиниот сопруг.

Вил Смит по скандалот го освои Оскарот за најдобар актер во главна машка улога за улогата на Ричард Вилијамс, таткото на тенисерските легенди Серена и Венус Вилијамс во филмот „Кралот Ричард.“.

Беше видно потресен и одржа емотивен говор.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------