Home INFO Ова се новите промени во “Ѕвездите на Гранд“

Ова се новите промени во “Ѕвездите на Гранд“

реклама:Велигден со Стаф

Започна снимањето на новата, 15 та по ред сезона од најпопуларното музичко шоу – Ѕвездите на Гранд.

Освен измените во жири комисијата, српските медиуми пренесуваат и други новитети во шоуто.

Како што пренесува Нова, оваа сезона ќе има помалку кандитати од предходните сезони, па во текот на првите четири натпреварувачки кругови, на големата сцена ќе се појават нови ликови.

Саша Поповиќ одлучил да го намали бројот на кандидати, се со цел гледачите да можат да обрнат внимание на секој кандидат посебно, што е невозможно доколку има многу кандидати.

Правилата не се значајно променети, во првиот круг жири комисијата има можност само да ги слушне кандитатите, не и да ги види.

Кога станува збор за сценографијата, оваа сезона таа е погламурозна и потсетува на евровизиската сцена.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------