Home INFO Оваа година нема да има Евровизија

Оваа година нема да има Евровизија

реклама:Велигден со Стаф

Годинешната Евровизија, која требаше да се одржи во Ротердам, е откажана, известија организаторите преку соопштение на официјалната веб-страница на натпреварот.

„Со жалење соопштуваме дека Евровизија 2020 е откажана во Ротердам. Во последните неколку недели истражувавме многу опции за да се одржи натпреварот. Сепак, заради неизвесноста создадена од ширењето на Ковид-19 во Европа и ограничувањата поставени од владите во други земји како и холандските власти, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја донесе тешката одлука дека е невозможно да се продолжи со настанот во живо како што беше планирано“, се вели во известувањето.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------