Сопственици на семејна винарија во Калифорнија приметиле црна мечка која со години ужива во нивното грозје распространето на 40 хектари.
Необично е што оваа мечка е многу пребирлива и го јаде само грозјето од сортата Пино ноар.
Јаде само првокласно овошје. Драго ми е дека најмногу го сака најскапото грозје, за нас тоа е само капка во морето, драго ми е што доаѓа, вели еден од сопствениците на лозјето.