Home INFO Овде никој не би можел да престојува повеќе од 45 минути, еве...

Овде никој не би можел да престојува повеќе од 45 минути, еве зошто!

реклама:G Natural

Ова е најтивката просторија на светот. Лабораторијата на Орфилд се наоѓа на Јужен Минеаполиси и сите ја нарекуваат глува комора. Во оваа просторија нема никакво ехо. Зошто? Благодарејќи им на посебно направените ѕидови и под, оваа просторија убива 99,99% од звукот.

Многубројни произведувачи ја користат оваа соба за тестирање на своите производи и квалитетот на звукот, Па така, „Microsoft“ бараше од фирмата „Eckel Industries“ да им изгради иста таква просторија за тестирање опрема, а „Harley Davidson“ ја користеше за да го направи звукот на своите мотори потивок, но подеднакво моќен.

Но, постои можност оваа просторија да се користи и туристички. Основачот е Стивен Орфилд и ги предизвикува посетителите што подолго да останат во оваа просторија, сами и во темница. Во просек, луѓето најмногу остануваат околу 20 минути, бидејќи не можат подолго да поднесат таква тишина.

„Ги предизвикуваме луѓето да се обидат да седнат во комората сами и во темница. Еден репортер издржа 45 минути. Кога е тишина, ушите се прилагодуваат, а колку повеќе е тивко, толку повеќе работи слушате. Ќе го слушате отчкувањето на срцето, работата на белите дробови и желудникот. Во комората вие станувате звук“, рекол Стивен Орфилд.

Единствен начин да се остане во собата е да се седи. Собата ги одзема сите звучни сигнали кои ги примаме, а тоа го збунува човекот, па перцепцијата станува искривена, а намнотежата и движењата стануваат невозможни.

Оваа соба влезе и во Гинисовата книга на рекорди!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------