АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Извор близок од списанието „Пипл“ (People) изјави оти „јасно е дека тие се заљубени еден во друг“, но тоа е романса во раните фази.

Менаџерите на Андерсон и Нисон засега сѐ уште не се достапни за коментар.

На премиерата на „Гол пиштол“ во Њујорк во понеделникот, 28 јули, и двете ѕвезди дојдоа со своите синови – за групна фотографија на црвениот тепих. Андерсон ги има Брендон (29) и Дилан (27) со поранешниот сопруг Томи Ли, а Нисон ги има Мајкл (30) и Даниел (28) со покојната сопруга Наташа Ричардсон.

За насловна статија на „Ентертејнмент викли“ (Entertainment Weekly), во јули Андерсон рече:

– Мислам дека имам пријател засекогаш во Лијам. Дефинитивно имаме однос што е многу искрен и многу пријатен. Тој е добар човек.

Претходно, таа изјавуваше дека со Нисон (73) се поврзале преку „заедничката љубов кон литературата“ и добриот хумор.

Во 4. дел од „Гол пиштол“, Нисон го игра поручникот Френк Дребин Помладиот – син на Френк Дребин, кого во претходните филмови го глумеше Лесли Нилсен. Андерсон ја игра неговата љубовна партнерка Бет.

Филмот пристигнува во кината в петок, на 1 август.

РЕКЛАМИ: