АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Еден сосема обичен момент на планирање на наставата се претвори во колективен „шок“ за наставниците ширум светот. Причината? Следната учебна година ќе биде 2026/2027, а токму тие бројки се поврзани со виралното меме „6-7“ кој со месеци ги освојува TikTok и училишните ходници.

Првата што јавно го сподели ова откритие е Кајла Маниго, наставничка по англиски јазик од Балтимор. Нејзиното видео на Инстаграм за кратко време стана вирално и собра повеќе од шест милиони прегледи.

Во видеото таа напиша:
„POV: Ти си наставник кој токму сфаќа дека тековната учебна година е 2025/2026, што значи дека следната учебна година е…“
Во описот додаде: „Боже, помогни ни на сите.“

Во изјава за Newsweek, Кајла раскажа дека сфаќањето дошло сосема ненадејно.
„Седев на кревет и пишував, и одеднаш ми текна. Извикав ‘О Боже!’, а мојот дечко, кој исто така е наставник, втрча во собата. Потоа двајцата се смеевме без престан“, изјави таа.

Реакциите од другите наставници беа мешавина од смеа, неверување и мала паника, бидејќи фразата „6-7“ веќе со месеци одекнува во училниците и ходниците.

Што е меме-то „6-7“?

Станува збор за вирален тренд поврзан со фразата „шест-седум“, која најчесто се изговара со гестови со рацете, како да се мерат две опции. Meме-то започна на TikTok, а брзо се прошири и во училиштата, каде што учениците (а понекогаш и наставниците) го користат во секојдневни шеги.

@vipervm5 The “6-7” meme kid that started it all #67 #67kid #sixseven #meme #viral ♬ original sound – vipervm

Трендот потекнува од декември 2024 година и песната „Doot Doot“ на drill раперот Skrilla, во која се појавува стихот:
„6-7, штотуку пролетав по автопат (бип, бип)“.

Иако многумина го нарекуваат „меме што го убива мозокот“, неговата популарност не опаѓа.

А со доаѓањето на учебната 2026/2027 година, „6-7“ официјално станува нешто од кое наставниците – не можат да побегнат.

РЕКЛАМИ: