Home INFO Пица по рецепт на Бруклин Бекам: Фановите со критики до младиот готвач!

Пица по рецепт на Бруклин Бекам: Фановите со критики до младиот готвач!

реклама:Велигден со Стаф

Синот на планетарно познатиот брачен пар, Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Пелц Бекам, на својот инстаграм профил има над 14 милиони следачи.

Младиот бекам кој неодамна заплови во брачните води со милијардерката Николија, се декларира себеси како готвач, но судејки според коментарите на фановите, се чини дека популарноста која ја ужива на социјалните мрежи е благодарение на неговото презиме, а не на вкусните јадења.

Неодамна, Бруклин сподели видео на кое прикажува едноставен рецепт за пица, а наиде на многу негативни коментари.

„Сериозно? Основата за твојот сос се конзервираните домати и свежиот лук?“,

„Време е да престанеш да готвиш„!

Ова се само дел од коментарите на фановите, кои постојано се потсмеваат на кулинарските вештини на синот на Викторија и Дејвид.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------