Home INFO По 28 години, легендарните Пинк Флоид објавија песна посветена на Украина (видео)

По 28 години, легендарните Пинк Флоид објавија песна посветена на Украина (видео)

реклама:Велигден со Стаф

По скоро 30 години, Пинк Флоид објавија нова песна со цел да изразат поддршка на жителите на Украина.

“Hey, Hey, Rise-Up!” – ќе се користи за собирање на срества за помош на украинскиот народ.

Во спотот е вклучен и Андриј Хливниук, член на BoomBox -еден од најголемите украински бендови.

Хливниук ја напуштил светската турнеја со својот бенд за да се врати во Украина и да помогне во одбраната на својата татковина.

– Ние како и многу други, чувствуваме бес и фрустрација поради овој подол чин на инвазија врз независната, мирна и демократска земја чијшто народ се убива од страна на една од најголемите светски сили – напишаа членовите на Пинк Флоид на Твитер.

Ова е прва песна на Пинк Флоид од 1994 година, кога ја објавија “The Division Bell”.

Бендот ја повлече својата музика од сите руски и белоруски стримови, во знак на протест против инвазијата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------