Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive По сите скандали овој пат не издржаа, се разведоа Јелена Карлеуша и...

По сите скандали овој пат не издржаа, се разведоа Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

реклама:Велигден со Стаф

Откако изминатите години успеаа да ги преживеат сите скандали и афери во нивниот брак сепак Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ му ставија крај на бракот.

Сеуште не е познато кому му попуштило трпението со оглед на тоа дека надминаа секс неверства и семејно насилство но како што пренесуваат таблоидите парот се договорил спогодбено да го заврши бракот и без расправии да го подела т богатството.

Јелена го објави текстот на својот Инстаграм профил, и забрани коментари.

– Јас и Душко се договоривме заемно да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период. Во овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да молам за разбирање од медиумите бидејќи е залудно. Не очекувам човечност или разбирање од јавноста, само фалење и миење на устата со животот, на што сум навикнат… па ајде. Преживеав се, па ќе го сторам и ова. Животот продолжува. За да се спречат неточни натписи, целиот брачен имот беше пренесен на нашите деца, старателството на нашите деца ми припаѓа мене. Секоја напишана лага ќе резултира со тужба како и досега. Повеќе нема да се рекламирам на овој начин – напиша Јелена на својот Инстаграм профил.

Екс фудбалерот Душко Тошиќ се уште не се огласил, но се чека неговата реакција.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------