Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive По скандалите во Италија, Канје Вест одлета за Ирска: Маскиран со марама...

По скандалите во Италија, Канје Вест одлета за Ирска: Маскиран со марама до непрепознатливост

реклама:

По огромниот скандал предизвикан од однесувањето на Канје Вест и неговата „сопруга“ Бјанка Ценсора во Италија, раперот одлета за Ирска.

Тоа беше негово прво појавување во јавноста откако тој и Бјанка беа обвинети за непристојно однесување и облекување во Италија, вклучително и покажувањето на неговиот гол задник на чамец во Венеција.

Канје Вест беше забележан со членовите на неговата придружба во приватниот терминал на Premium Services на аеродромот во Даблин.

Уметникот се качи во приватен авион за да го види својот 25-годишен пријател Стив Лејси како настапува на фестивалот „Електрик пикник“.

Канје ја покри главата со нешто што личеше на шамија за да остане во сенка на фестивалот и се обиде да не привлече внимание.

Да потсетиме, иако Канје Вест се однесуваше пристојно во Даблин, во Италија неговото однесување веќе почна да ги нервира локалните жители.

Тие ги повикаа раперот и неговата девојка Бјанка Ценсори да се облекуваат во попристојна облека, откако Бјанка неколку пати во јавноста се појави боса и во целосно проѕирни модни комбинации.

Но, по инцидентот во Венеција, Италијанците веќе отворено почнаа да бараат раперот да биде казнет и протеран од земјата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------