На 83 – годишна возраст, почина холивудскиот актер Пол Сорвино.
„Нашите срца се скршени, никогаш нема да има друг Пол Сорвино, тој беше љубовта на мојот живот и еден од најголемите изведувачи што некогаш беше дел од екранот и сцената“, ја потврди тажната вест неговата сопруга ДиДи.
Сорвино е најпознат по улогите во филмот „Добри момци“ и серијата „Закон и ред“.
Неговиот публицист Роџер Нил рече дека починал во понеделник наутро во Индијана од природна смрт.