Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Почина легендарниот германски диџеј Томкрафт

Почина легендарниот германски диџеј Томкрафт

реклама:G Natural

Томас Брукнер или познат како диџеј и продуцент Томкрафт, почина на 49-годишна возраст, потврди неговото семејство.

Во објавата на социјалните мрежи, семејството ја сподели тажната вест и изрази голема жалост.

Причината за неговата смрт не е потврдена.

Германскиот продуцент Вестбам, во проштална порака, сподели дека пред две недели пуштал музика заедно со Томкрафт.

Вестбам додаде дека пред три дена разговарал со Томкрафт, кој рекол дека се опоравува од грип. Томкрафт се радувал на претстојниот „Rave The Planet“ фестивал.

Кариерата ја започна во 1995 година, основајќи ја издавачката куќа „Kosmo Records“. Неговиот сингл „This is no House“ е сметан за класика во електронската музика. Синглот „Silence“ од 2000 година го донесе меѓу топ 20 најпродавани синглови во Германија.

Во 2003 година, Томкрафт го достигна врвот на продажната листа во Англија.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------