Home INFO Почина првата сопруга на Доналд Трамп

Почина првата сопруга на Доналд Трамп

реклама:Велигден со Стаф

Ивана Трамп, бившата сопруга на Доналд Трамп, почина во својот дом на 73 годишна возраст.
Тажната вест ја потврди Доналд.

– Со огромна тага ги известувам сите оние кои ја сакаа, а ги има многу, дека Ивана Трамп почина во својот дом во Њујорк – напиша Трамп на социјалните мрежи.

Ивана Трамп е родена во 1949 година во поранешна Чехословачка како Ивана Зелничкова.

Таа го запознала Доналд Трамп во 1976 година, а парот се венчал во април следната година. Со него имала три деца – Доналд Џуниор, Иванка и Ерик.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------