Home INFO Подгответе се за нов бран “пеколни” горештини

Подгответе се за нов бран “пеколни” горештини

реклама:Велигден со Стаф

Денес не очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот 25 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

И во следните денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Во недела пак, во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради влијанието на многу топлта воздушна маса температурите ќе бидат во значителен пораст, особено за време на викен. Истите ќе се движат во интервалот од 30 до 39 степени.

Метео прогнозерот Славчо Попоски најавува многу висока, дури и екстремно всока вредност на УВ индексот, со коефициент 9 и 10, па треба да сме особено внимателни.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------