Home INFO Погача од стар леб (рецепт)

Погача од стар леб (рецепт)

реклама:Велигден со Стаф

Денес како предјадење подгответе ја оваа погача од стар леб.

Потребно е:

– околу 800 гр стар леб, 150 мл млеко, 500 мл јогурт, 2 јајца, 1 лажиче сол, 1 лажица рендан пармезан, на врв на нож сода бикарбона, 1 лажица путер, за премачкување на тавата, сусам, ким, ленено семе, по желба – за посипување.

Подготовка:

– Лебот исечете го на мали коцки, постепено прелијте го со млеко и измешајте го со рака (кога смесата ќе стане тврда и мокра, престанете со додавање на млеко).

– Изматете ги јајцата и додадете ги јогуртот, солта, пармезанот и сода бикарбона. Матете додека да добиете хомогена смеса.

– Додадете го лебот и убаво измешајте за да се соединат сите состојки.

– Тавата во која ќе ја печете погачата убаво премачкајте ја со путер и распоредете ја смесата. Посипете со малку масло и на крај со сусам или пак со други семки, по желба.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути, додека убаво не порумени.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------