Home INFO Погледнете како изгледал вашиот град во ерата на диносаурусите

Погледнете како изгледал вашиот град во ерата на диносаурусите

реклама:

Со едноставно внесување на вашата адреса на оваа интерактивна мапа, можете да видите како изгледала вашата локација во времето на диносаурусите.

Изгледот на Земјата каква што ја знаеме ние е релативно нов. Земјата и морињата што ги гледаме денес се производ на огромни тектонски плочи кои се спојуваат како сложувалка. Но, тие се движат многу бавно и во период од милиони години копнените маси на Земјата можат да направат да изгледа како тотално непрепознатлива планета.

Интерактивната мапа која можете да ја најдете ТУКА е направена од Иан Вебстер со помош на податоците за тектонските плочи и палеогеографските карти од проектот „ПАЛЕОМАП“.

Оваа алатка отвора нов поглед на нашата планета од пред 240 милиони години во ерата на суперконтинентот Пангеа.

Мапата содржи и опции што ви овозможуваат да гледате важни моменти од историјата на животот на Земјата, како што се првите ‘рбетници, како и изумирањето на диносаурусите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------