Home ШОУ БИЗз Мак сцена Популарниот македонски пејач Влатко Илиевски пронајден мртов

Популарниот македонски пејач Влатко Илиевски пронајден мртов

реклама:G Natural

Македонскиот пејач Влатко Илиевски (33) бил пронајден мртов во автомобил во Скопје, потврдуваат од МВР. Популарниот македонски пејач бил најден синоќа во 23 часот по анонимна дојава во Единицата за информирање и команда при МВР.

Полицијата го пронашла безживотно тело на Илиевски во неговиот автомобил „тојота“ на булеварот Трета Македонска Бригада. Полицијата и јавен обвинител извршиле увид.

Првично, на телото на починатиот нема траги на насилство, а обдукцијата ќе ги утврди причините за смртта.

Илиевски со години беше дел од групата „Морал“. Во 2011-та година, со песната „Русинка“, ја претставуваше Македонија на евровизиската сцена.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------