Еден од најголемите музички настани во Македонија и на Балканот, продолжува и ова лето.
Организаторите и општина Прилеп најавија дека годинешното издание на фестивалот на пивото и скарата, ќе се одржи од 12-ти до 15-ти јули.
Различните брендирани видови пиво, прочуената прилепска скара и богатата музичка понуда, се најголемите причини поради кои во четирите денови на траење на фестивалот, Прилеп ќе биде главниот центар на забавата во нашата држава.
Ќе настапат големи музички имиња како Шабан Шаулиќ, Жељко Јоксимовиќ, Џенан Лончаревиќ, Црвена Јабука, Ван Гог, Милица Тодоровиќ и уште многу други изведувачи кои ќе направат одлична забава.
И оваа година на Паркот на револуцијата ќе биде организирано кампување за посетителите од другите градови, за кои ќе бидат обезбедени топли напитоци и супа, а ЈКП „Комуналец“ ќе постави туш кабини.
Сигурност ќе биде забавно и оваа година!