Home INFO Поради тешко невролошко нарушување, Селин Дион се повлекува од музичката сцена

Поради тешко невролошко нарушување, Селин Дион се повлекува од музичката сцена

реклама:Велигден со Стаф

Минатата година, легендарната Селин Дион откри дека боледува од ретко невролошко нарушување, кое влијае на нејзиното пеење.

Педесет и пет годишната пејачка е принудена да ги откаже сите концерти предвидени за оваа но и следната, 2024 година.

„Многу ми е жал што уште еднаш ве разочарувам сите.. Ииако ми го крши срцето, најдобро е да откажам се додека навистина не бидам подготвен да се вратам на сцената“, напиша Дион на Твитер.

Во декември 2022 година, таа објави видео на Инстаграм во кое откри дека неодамна и бил дијагностициран синдром на вкочанетост на мускулите и дека нема да биде подготвена да ја започне својата европска турнеја во февруари како што е планирано.

Селин откри дека нарушувањето предизвикува грчеви во мускулите и ја спречува да ги користи гласните жици „и да пее како што е навикната“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------