Home INFO Повторно се бламира: Кание Вест ја претстави новата колекција влечки

Повторно се бламира: Кание Вест ја претстави новата колекција влечки

реклама:Велигден со Стаф

Раперот Камие Вест веќе неколку пати се обиде со дизанјерска работа а овој пат отиде чекор напред – дизајнираше џиновски влечки.

“Ништо погрдо немам видено. Дали е можно да постои будала која ќе плати за нешто волку одвратно?” – ова се само дел од коментарите за новиот производ на Кание.

Откако на Твитер сподели фотографија од себе облечен во џиновски влечки, друштвената мрежа ја преплавија негативни коментари и шеги на сметка на раперот.

Ова “ремек-дело” има минимум седом сантиметри од секоја страна и дебел слој кој ве одвојува од земјата.

Според модните критичари, единственото “добро” во овие влечки е што тие ги спречуваат луѓето да ви се приближат.

Ова не е првпат Кание да ги шокира своите фанови.

Пред неколку месеци во маркетинг кампањата ‘‘Yeezy’’ го претстави ликот на својата сопруга Ким преку порно ѕвезда.

Двојничката на Ким, порно актерката Стар на себе ја има само неговата нова линија на патики и чорапи.

Старлетата Ким Кардашијан сепак гордо ги носи дизајнерските парчиња од својот сопруг.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------