Home INFO Ова е причината зошто Боно потфрли на сцената!? (видео)

Ова е причината зошто Боно потфрли на сцената!? (видео)

реклама:

Легендарните „U2“ разочараа илјадници фанови откако по само неколку песни на концерт во Берлин, нивниот пејач Боно Вокс остана без глас.

„Многу ни е жал поради вечерашниот прекин на концертот. Боно беше во полна форма и гласот му беше во извонредна состојба пред старт на концертот, но по неколку песни сосема го изгуби“, напиша рок групата во соопштението објавено на нејзиниот профил на социјалната мрежа.

„Не знаеме што се случи, ќе го консултираме лекарот“, се додава во соопштението.

Боно остана без глас на половината од втората песна. Едвај ја отпеа уште третата и се извини.

“Отидоа на пауза да се обидат да му го спасат гласот. По 20 минути на сцената се појави маж и замоли за уште малку трпение. По наредни 20 минути ни рекоа дека им е жал и дека концертот не се во можност да го продолжат”  – просведочил еден од присутните на концертот.

Во меѓувреме, додека се чека лекарско мислење, се шпекулира дека апаратот за димни ефекти им наштетил на гласните жици на Боно.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------